Кога политичар ќе се издрогира, тоа е виша сила

1 min read

Од неодамна поранешниот градоначалник на Приједор во БиХ, Далибор Павловиќ се огласи по аферата поврзана со негови несоодветни фотографии кои протекоа во јавноста и по кои официјално поднесе оставка на местото градоначалник.

Како што можете да видите на фотографијата, станува збор за слики на кои се гледа дека зема повеќе апчиња, а потоа лежи одземен покрај веце шолја.

Тој на Фејсбук пишува: „Личноста што ја гледате на фотографиите не е вистинскиот Далибор Павловиќ. Сѐ што можам да кажам во врска со ова е дека некои виши сили влијаеја врз мене и дека сега ми е најбитно што сум ѓив и што моето семејство е покрај мене“.

Во подолгиот статус на Фејсбук тој потоа раскажува што сѐ направил за Приједор како градоначалник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дождот присутен, теренот би требало да е подготвен за мечот Македонија – Германија

Следно

Славчо Попоски најавува: Еве кога ќе ни падне снег, а кога ќе престане да врне!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian