ФОТО+ВИДЕО | Премиерот Заев и владината делегација се поклонија пред „Могилата на непобедените“ по повод 11 Октомври

1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев предводен од владината делегација заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, како дел од програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 80 години од овој настан.

– Со овој чин за оддавање почит и во знак на сеќавање, како и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, Владата на Северна Македонија во име на народот им оддава признание на првоборците од Прилеп и прилепско кои во воените дејствија дале 8000 учесници, од кои 2700 активни борци со оружје во рака, 650 жртви, 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941″, и кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава, велат од владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев и владината делегација, заедно со другите делегации и граѓаните, на „Могилата на непобедените” ја проследија празничната програма и обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.

Фото: Влада на Република Северна Македонија
Фото: Влада на Република Северна Македонија
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Мерк“ побара дозвола од ФДА за прва таблета против ковид-19

Следно

Трикратен светски шампион во атлетика пронајден мртов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian