ФОТО+ВИДЕО | Густ црн чад се надви над областа: Голем пожар во нафтен погон во јужен Либан

1 min read

Голем пожар избувна денеска во нафтен погон на југот на Либан, соопштија државните медиуми, наведувајќи дека причината засега не е позната.

Националната новинска агенција објави дека немало вработени во близина кога избил пожарот во голема цистерна за гас во селото Захрани на брегот на Средоземното Море, пренесува Бета.

Пожарникарски возила веднаш пристигнале заради гаснењето на пожарот, кој е во близина на една од главните либански електрани. Фабриката престана да работи во саботата поради недостиг на гориво во време кога Либан се соочува со сериозна криза и нема струја 22 часа дневно.

Густ црн чад се надви над областа околу Нафтената инсталација Захрани, на околу 50 километри јужно од Бејрут.

Властите го блокираа главниот автопат што го поврзува Бејрут со југот на Либан и минува низ Захрани.

Пожарот избувна по повеќе од една година по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во која загинаа 215 лица, а илјадници беа повредени, а пристаништето и околните населби беа уништени.

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајка во Скопје, тешко повредена повозрасна жена

Следно

ВИДЕО | Герила акција на Левица: Активисти ја „окупираа“ Могилата на непобедените додека државниот врв положуваше цвеќе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian