ФОТО | Ова се славните антиваксери кои своето влијание го користат на погрешен начин

4 mins read

Бизарна вербална војна се случи минатиот месец помеѓу американската раперка Ники Минаж и премиерот на Англија, Борис Џонсон, откако на социјалните мрежи сподели приказна за анти-вакс импотенција. Џонсон ја критикуваше американската пејачка за ширење на „невистинитата“ и „смешна“ теорија дека вакцините против коронавирус можат да предизвикаат импотенција.

Во една од нејзините објави на Твитер, Ники тврдеше дека пријател на нејзиниот братучед од Тринидад почнал да страда од импотенција по вакцинацијата. Поради бизарното тврдење, раперката се најде на удар на критики и на јавноста. .

Но, Ники не е единствената медиумска личност која јавно изнесува теории за вакцината. Пит Парада, тапанарот на панк рок бендот „Офспринг“, е санкциониран поради одбивањето да се вакцинира. Пит беше исфрлен од групата, во која членуваше од 2007 година.

Раперот Офсет е исто така еден од познатите антиваксери. Поради различни теории што најчесто ги гледал или читал на интернет, одби да се вакцинира.

IZVAĆARIO JE PRED SVIMA NA JAVNOM DOGAĐAJU! KARDI BI I NJEN BIVŠI NE MARE ZA KAMERE: Akcijaju GDE STIGNU!

Фото: Профимедиа

Познатиот радио водител Марк Берниер, жесток противник на вакцините против коронавирусот, скапо плати поради своите теории. За жал, поради одбивањето да се вакцинира, на крајот на август почина од последици на коронавирусот.

Водителот кој сам себе се нарече „Г. Анти-Вакс, велеше и дека американската влада „се однесува како нацистите“ кога ги принудува луѓето да се вакцинираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aunt Bob (@notrobertajames)

Неговите колеги Фил Валентин и Дик Фарел беа исто така најпознатите антиваксери меѓу славните во светот. И Фарел и Валентин, како што им се влошуваше состојбата, ги повикаа пријателите и обожавателите сепак да се вакцинираат, жалејќи што тие самите тоа не го направиле.

Џена Мекарти, позната американска актерка, во моментов е една од најгласните застапници на теоријата против вакцинација.

Sвездата на „Црниот пантер“ Летиша Рајт се најде во проблем на почетокот на годината, откако објави видео на социјалните мрежи кое е антиваксерско. По нејзината објава, реагираше Твитер, по што актерката го затвори својот профил. Некои тогаш бараа од „Марвел“ да ја исфрли од проектот што го снимаше во тоа време.

File:Letitia Wright & Forest Whitaker (35439714723).jpg - Wikimedia Commons

Фото: Wikimedia Commons

На Инстаграм, актерката Лора Оснес рече дека била исфрлена од претставата затоа што одбила да се вакцинира.

Иан Браун, пејачот на групата „Камени рози“, беше гласен критичар и поддржувач на бројни неосновани теории на заговор, кои ги објаснуваше со тоа дека „претходната вакцинација го уништила здравјето на член на неговото семејство“.

Ричард Ешкрофт, фронтмен на групата „Верв“, летово се повлече од фестивалот „Тремлинс“, што беше дел од владината пилот-програма за тестирање.

Супермоделот Дуцен Крос очигледно се чувствувала овластена да сподели свој пост во кој најавува дека нема да прими вакцина против ковид-19. Поранешниот ангел на „Викторија’с сикрет“ објави фотографија со долг натпис бранејќи го своето право да се откаже од вакцинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doutzen Kroes (@doutzen)

Со својот антиваксерски став големо внимание привлече и хрватскиот пејач Тони Цетински. Лани во емисијата „Добро утро, Хрватска“, тој ги повика гледачите да запалат виртуелна свеќа во чест на жртвите од вакцинацијата. Поради своите ставови, Цетински беше забранет на неколку радиостаници во Хрватска, но доби и бројни јавни критики поради неговото јавно влијание врз луѓето.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мрежите мируваат, Германците многу опасни, Македонија сигурна во одбраната

Следно

Мицкоски вежба за парламентарни избори: Доаѓа крај на продавањето на македонските интереси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian