ВИДЕО | Страотна моќ на вулканот: Низ Ла Палма тече лава, многу уништени згради, селата евакуирани

2 mins read

Блокови стопена лава со големина на трикатна зграда се движат денеска по падината на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма. Ова следеше по серијата земјотреси што ја потресоа земјата, три недели по ерупцијата на вулканот, објави шпанскиот Национален геолошки институт (ИНГ).

Во соопштението се наведува дека во текот на денот биле регистрирани 21 сеизмички движења, а најголемото имало јачина од 3,8 степени, а засегнати се селата Мазо, Фуенкалиенте и Ел Пасо.

„Блокови од вжештена магма се движат по падината на вулканот Кумбра Виеха, а вулканот почна да ги еруптира по колапсот на северниот дел од вулканскиот конус. Колапсот на северниот дел од вулканот Кумбре Виеха предизвика ослободување на големи блокови материјал и појава на нови потоци што минуваат низ веќе евакуираните области”, пишува во објавата на Твитер на шпанското Министерство за национална безбедност.

Лавата, чија температура достигнува 1.240 степени Целзиусови, ги уништи последните преостанати згради во селото Тодоке, објави Институтот за вулканологија на Канарските Острови.

Од 19 септември, лавата уништи 1.186 згради и 493 хектари земја.

Околу 6.000 луѓе беа евакуирани од своите домови на островот Ла Палма, кој има околу 83.000 жители.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шаленберг се сретна со претседателот на Австрија, утре ќе положи заклетва

Следно

Премиерот Зоран Заев срдечно пречекан во Бигорски манастир, се заложи за враќање на украдените икони од Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian