ВИДЕО: Снимки од урнатиот руски авион каде загинаа 16 лица

1 min read

Утрово во Русија започна со тажна вест дека авионот Л-410 Турболет со 20 падобранци се урна во близина на градот Мензелинск во Руската Република Татарстан, пренесува Русија Тодеј.

Во оваа несреќа животот го загубиле 16 лица, од кои седум биле повредени.  

Според Министерството за вонредни ситуации, лесниот транспортен авион Л-410, кој му припаѓал на локалниот аеро клуб, паднал на земја веднаш по полетувањето, изјавија сведоци. 

Според сликите објавени од ова министерство, трупот на авионот бил уништен, но опашката останала речиси недопрена. Во авионот имало 23 лица, од кои повеќето биле падобранци.  

Прелиминарните податоци покажуваат дека 16 лица, меѓу кои двајца пилоти, загинале во несреќата, додека седум други се спасени, изјави службеникот на Министерството за вонредни ситуации.  

Летот Л-410 Турболет е транспортен авион со два мотори со краток дострел, кој се произведува во Чешка од раните 1970-ти години. Во септември, сличен авион се урна во регионот Иркутск во југоисточен Сибир. Во тоа време, четири лица загинаа во несреќата, а 12 беа повредени. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

138 сообраќајни прекршоци во Скопје

Следно

Анкета на СТРАТУМ: Од граѓаните кои ќе гласаат 26.1% се определиле за СДСМ, 23.8% за ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian