ВИДЕО: Обилните врнежи предизвикаа невидени поплави во Кина, илјадници луѓе евакуирани

1 min read

Поплавите во провинцијата Шанкси на северот на Кина погодија повеќе од 1,75 милиони луѓе, а над 120.000 луѓе се евакуирани поради обилните дождови што предизвикаа невидени поплави, објави локалниот оддел за вонредни ситуации.

Според податоците на тој оддел, уништени се околу 17.000 куќи, пренесува Меѓународното кинеско радио.

Владата на Шанкси издвои околу 7,8 милиони американски долари за поддршка на контрола на поплавите и обезбедување помош.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мадона не престанува да шокира: Нов документарец, модна колекција и експлицитни изјави

Следно

Што си порачаа партиските лидери на митинзите во Крушево, Ново Село, Речица и Липково

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian