Фудбалската репрезентација на Италија е третопласирана во УЕФА Лигата на нации, откако денеска во Торино беше подобра од Белгија со 2:1 (0:0).
Стрелците за победничката селекција беа Николо Барела во 47 и Доменико Берарди во 65 минута од пенал.
На спротивната страна единствениот погодок беше дел на Шарл Де Кетелар во 87 минута од средбата.
Претходно Белгијците можеа да постигнат уште еден гол, но Салемакерс кој доби топка внатре во шеснаесетникот на „аѕурите“ ја погоди пречката.
Од 20.45 часот на стадионот „Сан Сиро“ во Милано за трофејот ќе играат Шпанија и Франција.