ВИДЕО: Фјури двапати паѓаше на подот, па го нокаутираше Вајлдер во 11 рунда

1 min read

Британскиот боксер Тајсон Фјури го одбрани појасот ВБЦ шампион во тешка категорија и сега има можност да се бори и ги освои појасите во сите пет организации.

Фјури покажа дека е веројатно најдобриот тешкаш на денешницата, откако во 11 рунда го нокаутираше Дионтеј Вајлдер во спектакуларен меч во Лас Вегас.

Најпрви во четвртата рунда, Вајлдер двапати го испрати својот ривал на подот, но Фјури, иако раздрман, успеа да стане, уште помотивиран ја продолжи борбата.

Со кроше Фјури ја потврди доминацијата во мечот кој имаше 148 пласирани удари наспроти 72 од Вајлдер.

Фјури првпат го одбрани овој појас во кариерата, има учинок од 31 победа, од кои 21 со нокдаун, од друга страна Вајлдер не се прослави во третиот меѓусебен дуел. Фјури најави напад на апсолутна титула во тешка категорија, што никој не го направил во 21 век.

Британецот и победникот од реваншот Усик – Џошуа, во потенцијалната меѓусебна борба, би го донел првиот апсолутен шампион тешкаш уште од Ленокс Луис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Предвремени избори во Ирак: 250 илјади полицајци ги штитат избирачките места

Следно

СЗО ја дефинираше состојбата: „Продолжениот ковид“ започнува три месеци по инфекцијата и трае два месеца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian