Скандалозна одлука: Бускетс откри зошто судијата не го поништи голот на Мбапе

3 mins read

Репрезентацијата на Франција на стадионот во Милано ја обезбеди првата титула во Лигата на нации иако имаше негатива.

Шпанците водеа со 1:0 преку Ојазарзабал, но актуелните светски шампиони триумфираа благодарение на погодоците на Бензема и Мбапе.

Токму вториот гол на Мбапе е сомнителен, односно „црвената фурија“ смета дека истиот англискиот судија Тејлор требаше да го поништи.

Во 80 минута се случи една контроверзна ситуација, Ернандез му асистираше на Мбапе кој излезе сам пред голманот Симон и го постави конечниот епилог.

Се поставува прашање дали играчот на ПСЖ се наоѓаше во офсајд, таква одлука не донесе ни главниот судија ни од ВАР собата.

На многумина не им е јасно како Мбапе не беше во офсајд и зошто голот е признат. Веднаш по завршувањето на мечот на „Сан Сиро“, шпанскиот репрезентативец Серхио Бускетс откри какво објаснување имаше Тејлор за ваквата ситуација.

Познато е дека правилото е дека кога противничкиот играч ќе ја допре топката, започнува нова акција, но неверојатно е дека тоа било случај во оваа акција.

– Судијата ни кажа дека Ерик Гарсија сакаше да ја земе топката и дека поради тоа немаше офсајд затоа што ја допираше. Сакаше да ја земе топката за да не стигне до Мбапе кој очигледно беше во офсајд. Таквата одлука нема смисла – рече Бускетс.

Гарсија се лизна, но на видео записите очигледно дека не го сменил правецот на оваа топка што дојде кај Мбапе и навистина е неверојатно што не го поништија овој гол на Франција од ВАР собата што на крајот им го донесе трофејот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што си порачаа партиските лидери на митинзите во Крушево, Ново Село, Речица и Липково

Следно

ВИДЕО: По пожарите, Евија ја зафатија поплави – уништени домови и патишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian