Ристовски: Дали е можно да се повтори Дуизбург? Спортски е да се надеваш

1 min read

Еден од столбовите во одбраната на македонската А репрезентација, Стефан Ристовски свесен за тежината која го носи натпреварот против една од најдобрите светски репрезентации Германија.

Во добра атмосфера се наоѓаат играчите на Благоја Милевски кои пред два дена во Вадуц триумфираа над Лихтенштајн. За Германците исто така ова е важен меч на патот да ја остварат целта, а тоа е ново учество на Мундијалите.

Но, нашите најдобри фудбалери ќе се обидат со сите сили да изненадат повторно, како што тоа се случи годинава во Дуизбург кога славевме со 1:2.

– Дали е можно да се повтори Дуизбург? Спортски и човечки е да се надеваш, а ние имаме играчи од голем калибар кои се носители во своите клубови.

Ако се поклопат некои работи, може да дојдеме до добар резултат – вели искусниот дефанзивец на хрватскиот клуб Динамо Загреб, Ристовски.

Миовски: Чест е да се биде дел од репрезентацијата, нема што да загубиме против Германија

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДКСК не ги прифати приговорите од „Левица” и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”

Следно

Moите 1+5 филмови: По избор на Кица Колбе, „Жил и Џим“ на Франсоа Трифо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian