Премиерот Заев прими плакета од борците на НОВ на Србија

1 min read
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба, којашто му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговарало за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Чешкиот претседател го носат во болница, тој не мрда – не е позната неговата состојба

Следно

Македонските фудбалери го имаа последниот тренинг пред натпреварот со Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian