„Полегзит“: Дали Варшава се спрема за излез од ЕУ или сè е игра на пари?

4 mins read

Уставниот суд на Полска во четвртокот ја блокираше судската пракса на Европскиот суд на правдата, бидејќи, според нивното толкување, Судот на ЕУ на правдата ја надминува својата надлежност кога одлучува за полските закони што одредуваат назначување судии на полското судство, што предизвика нова војна во Варшава со Брисел, а некои повикаа на полски Брегзит, на кој веќе му е дадено името „Полегзит“.  

Спорот меѓу Полска и ЕУ следеше откако Полскиот Уставен суд го поништи приматот на европското право, според кое договорното право на ЕУ не е во согласност со полскиот устав. Ова првенствено се однесува на правото на ЕУ да интервенира поради закана за владеењето на правото во нејзините членки, како што е случајот со Полска, која е обвинета дека назначила политички соодветни судии во Уставниот суд, пишува Би-Би-Си.  

ЕУ или национален суверенитет  

„Фактот што Варшава ги потпиша европските договори не значи дека го предаде својот правен суверенитет во рацете на ЕУ“, заклучи Уставниот суд на Полска.  

Оваа одлука предизвика бес кај европските институции и Европскиот парламент, кои сметаат дека „приматот на правото на ЕУ мора да биде неоспорен“ во однос на националните закони. Меѓутоа, точно е и дека Брисел ова лето знаеше дека Полскиот Уставен суд ќе донесе таква одлука. Откако беше донесена официјалната одлука, кризата се продлабочи и дојде време Полска да и сврти грб на ЕУ и да се сврти кон Вишеградската група, како ново јадро на соработката меѓу националните држави кои не сакаат наднационална институција како менаџер.  

Така, официјална Варшава, по Унгарија, стана втората членка што се спротивстави на одлуките на бриселската бирократија. Тоа беше и аларм за Брисел, па претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, рече дека таквата пресуда нема да остане без последици. Некои во администрацијата на ЕУ ја толкуваат оваа одлука на Уставниот суд на Полска како објава на војна на Брисел. 

Познатиот член 50  

Некои веќе веруваат дека таквата одлука на Варшава е начин за оваа земја, како и Велика Британија, да го активира познатиот член 50, според кој една членка може да ја напушти ЕУ. Актуелниот полски премиер Матеуш Моравјецки негира дека неговата земја планира да ја напушти Унијата, додека европските правни експерти веруваат дека членот 50 ќе мора да се активира затоа што правото на европска супериорност над полското право не може да се одрече, бидејќи европското право е основата на ЕУ.  

Кој за што е задолжен? 

Спорот околу јурисдикцијата помеѓу националните уставни судови и Судот на ЕУ на правдата не е нов. Адвокатите веруваат дека постојат две мислења во рамките на ЕУ. Првото е Судот на правдата и Европската комисија да сметаат дека европското право има предност пред националното право на земјите -членки и дека, соодветно, Судот на правдата секогаш го има последниот збор. Вториот, кој го претставуваат многу уставни судови на земјите -членки на ЕУ, е дека Судот на правдата не го има секогаш последниот збор.  

Многу уставни судови на земјите -членки на ЕУ претпоставуваат дека земјите -членки им дале на европските институции само одредени, јасно дефинирани овластувања. За повеќето адвокати, овој спор во ЕУ е жив песок и нерешено прашање. 

Полска нема намера да ја напушти ЕУ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Moите 1+5 филмови: По избор на Кица Колбе, „Жил и Џим“ на Франсоа Трифо

Следно

Нови 316 случаи на ковид-19, 240 оздравени, 10 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian