Патот на јуфките: Мама Роуз ни ја открива најдобро чуваната тајна за совршената македонска паста – Нивното височество јуфките

3 mins read

Навративме пак, во фарма Зрзе, по нови убавини. Се вративме на јуфки, подготвени баш од неа – кралицата на јуфките – мама Роуз.

фото: приватна архива

Ружица, или Мама Роуз, е задолжена за подготовка на највкусните домашни јуфки кои се правени со еко јајца од фармата и со многу љубов. А, Ружица е многу страствена за готвење уште од мали нозе, па не нè чуди што целиот дом ѝ е преполн со рецепти. Родена е во село Зрзе, израснала во Сиднеј, Австралија, на 13 години кај неа се појавила силна желба за готвење. Желбата за готвење ја наследила од својот татко Михајло, кој ѝ бил ментор во воведот во кулинарскиот свет. Михајло е инаку, исто така роден во село Зрзе и голем вљубеник во готвењето.

Мама Роуз – нејзиниот кулинарски прекар – обожава да готви од домашна до интернационална кујна. Омилени јадења за готвење ѝ се тестенини, мазник, палачинки, буритос, како и кинеска кујна, арапска, индиска итн.

ИНСПИРАЦИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА КУЈНА ДОБИЛА ОД ДРУЖЕЊЕ СО ДРУГАРКИТЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ СО КОИ ДРУГАРУВАЛА ВО АВСТРАЛИЈА. ДОДЕКА ДОМАШНАТА КУЈНА ЈА СОВЛАДАЛА УЧЕЈЌИ СТАРИ РЕЦЕПТИ ОД КНИГИ И ДРУГИ ДОМАЌИНКИ, КАКО И ОД ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ, ШТО Е НЕЈЗИНА НАЈПРЕТПОЗНАЛИВА КАРАКТЕРИСТИКА.

Толку е вешта, што кралицата на јуфките си има и свој Јутјуб канал, може да го посетите ТУКА.

Подзастанавме во село Зрзе, не само за да си каснеме превкусни јуфки туку и да помуабетиме со Мама Роуз.

фото: приватна архива

Која е најпогодна сезона за правење на јуфки?

– Во денешно модерно време, конзумирањето јуфки е типично за цела година. Со што и правењето јуфки, исто така, не е исклучок. Јуфките се нашата македонска паста, исто како што и шпагетите се за Италјанците. Што значи, дека и Македонците стекнаа навики да ги конзумираат редовно јуфките со најразлични сосови и начини на подготовка, со што јуфките добија друга димензија и место во Македонската и светската кујна.

Кои намирници се потребни за да се направат совршени јуфки?

– Нашите јуфки ги правиме со следните состојки: пченично брашно, пченкарно брашно, јајца од Фарма Зрзе и вода.

Каков е процесот на изработка?

 

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските фудбалери го имаа последниот тренинг пред натпреварот со Германија

Следно

ФОТО: Полјаците на нозе, скандираат „Остануваме во Европа“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian