Финале, Лига на нации: Шпанија и Франција за титулата, посебен меч за Лапорт

1 min read

Денеска на стадионот „Сан Сиро“ во Милано репрезентациите на Шпанија и Франција од 20.45 часот ќе играат за трофејот во плеј-офот на Лигата на нации. Главен судија ќе биде Ентони Тејлор од Англија.

Ќе биде тоа одлична можност да се освои европски трофеј, а големи мотиви има одбранбениот играч на Шпанците, Ајмерик Лапорт.

Играчот на Манчестер сити иако роден во Франција каде играше за помладите категории за Французите, но никогаш за А селекцијата, иако неколку пати добиваше повик.

Во мај оваа година доби шпанско државјанство и ФИФА сето тоа го ратификуваше, така што може да настапува за црвената „фурија“.

– Ова ќе биде посебен меч за мене, јас сум многу концентриран. Не 100, туку 300 проценти. Ќе го дадам максимумот. Ќе играм со поранешните соиграчи од младиот тим, но единственото нешто што ме интересира е да победиме во финалето, тоа е најважно – рече Лапорт, кој своевремено играше за Атлетик Билбао.

Од 15.00 часот на стадионот во Торино за третото место ќе играат Италија и Белгија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 316 случаи на ковид-19, 240 оздравени, 10 починати лица

Следно

Манескин ја носат Евровизија во Торино во 2022 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian