Фјури по победата над Вајлдер: Сакав да му покажам почит, но тој не сакаше да возврати

1 min read

Британецот триумфираше со технички нокдаун во 11 рунда и така по вторпат по ред го совлада ривалот и го задржа ВБЦ појасот.

Тајсон Фјури беше разочаран што Дионте Вајлдер одби да му честита на победата остварена доцна синоќа во Лас Вегас.

Вајлдер брзо го напушти рингот, а воедно според информациите мораше да оди и на лекарски прегледи по добиените удари:

– Идиот! Тој, Дионте Вајлдер немаше ни малку љубов кон мене, бидејќи го победив трипати. Јас сум спортист, отидов кон него да му покажам почит, но тој не ми возврати. Тоа е негов проблем!

Што се однесува до борбата, бев на подот неколку пати, повреден. Вајлдер силно удира, силен е. И јас возвратив со неколку тешки удари. Јас сум најдобриот на светот, а тој е вториот најдобар – рече Фјури.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета на СТРАТУМ: Од граѓаните кои ќе гласаат 26.1% се определиле за СДСМ, 23.8% за ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Скокнала во гејзер за да го спаси кучето: Се здобила со тешки изгореници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian