Еслами: Иран произведе повеќе од 120 килограми збогатен ураниум

1 min read

Иран произведе повеќе од 120 килограми ураниум, збогатен 20 отсто, изјави шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, пренесува Гардијан.

Тој во интервју за државната телевизија рече дека, според нуклеарниот договор што го имаат со светските сили од 2015 година, другите потписници требало да му обезбедат на Иран 20 отсто збогатен ураниум, што е потребен за неговиот истражувачки реактор

„Но, тоа не беше испорачано. Ако не го произведовме сами, ова ќе се претвореше во еден од нашите проблеми“, рече Еслами.

Според условите на нуклеарниот договор на Иран му беше забрането да збогатува ураниум над границата од 3,67 проценти, освен за активностите на истражувачкиот реактор.

Збогатен ураниум над 90 проценти може да се користи во нуклеарно оружје.

ОН: Иран постигнува напредок во збогатувањето со ураниум

Берлин, Париз и Лондон го осудија забрзаното збогатување на ураниум во Иран

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Бијонсе носеше фустан на косовскиот дизајнер Валдрин Сахити на премиерата на „The Harder They Fall“

Следно

ДКСК не ги прифати приговорите од „Левица” и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian