Вучиќ разговарал со министерот Стефановиќ: Надлежните органи ќе кажат кој ги извршил кривичните дела

2 mins read

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во пресрет на прес конференцијата на министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, во која тој негираше дека е водачот на групата за негово рушење, изјави дека денес разговарал во неговиот кабинет со Стефановиќ, и дека тој нема да ги коментираат обвинувањата против министерот за одбрана Стефановиќ, кои беа изнесени во интервјуата што ги спроведе членот на СНС, Владимир Ѓукановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ ова го кажа како одговор на новинарско прашање за односите меѓу министерот Стефановиќ и неговиот сопартиец и пратеник од Српската напредна странка (СНС), Владимир Ѓукановиќ, и посочи дека партијата што ја предводи им припаѓа на оние политички субјекти кои преземаат одговорност во значајни историски моменти, и не мора сите нејзини членови да имаат исти идеолошки ставови.

Вучиќ изјави дека меѓусебните обвинувања меѓу поединечните членови на СНС ќе се дискутираат во самата партија, додека надлежните органи ќе се занимаваат со утврдување на одговорните за кривични дела.

На констатација на новинарите дека помеѓу Владимир Ѓукановиќ и Небојша Стефановиќ нема идеолошки разлики, туку обвинувања за криминал на сметка на министерот и прашањето дали Стефановиќ може да остане министер и член на Претседателството на СНС, Вучиќ истакна дека во јавноста има големо лицемерие за односите во СНС.

-Се соочуваме со лицемерие во јавноста, оние што водат кампања против Ѓукановиќ бараат негово исклучување од Адвокатската комора, нарекувајќи го бизон…Загрижени се наеднаш како може Стефановиќ да е член на претседателството, бидејќи има што да каже за разговорите на Вучиќ. И сега вие кои застанвте на страна оние кои ги злоупотребуваа државните ресурси за да го прислушкуваат претседателот, се преправате како се тешки обиненијата на Ѓукановиќ, кажа Вучиќ.

Тој порача дека за вакви обвинувања ќе се разговара во партиските тела, претстојното собрание, а надлежните органи ќе кажат кој ги извршил кривичните дела, обвинителството, полицијата, судот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Њукасл ја доби првата корпа, Конте ги одби милионите од саудискиот принц

Следно

Совршен ручек за целото семејство: Сочно пилешко во ситно зачинет сос е јадење што секој ќе го обожава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian