ВИДЕО: Фаворитите без грешка во квалификациите за СП 2022

2 mins read

Сите фаворити во вечерашните натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар забележаа триумфи.

Во натпревар од групата А, селекцијата на Србија забележа тешка но важна победа на гостувањето кај Луксембург со 0:1. Човек на одлука беше Душан Влаховиќ кој победничкиот гол го постигна во 68. минута. Србија со победата се искачи на првото место во групата со 14 бодови, еден повеќе од Португалија која има и натпревар помалку.

Во групата Ц, Швајцарија со 2:0 ја совлада Северна Ирска и се зацврсти на второто место на табелата зад Италија.
Мрежата на С. Ирска се затресе уште во четвртата минута, но голот беше поништен поради офсдајд. Сепак доминацијата на теренот Швајцарците ја крунисаа во финишот од првиот дел кога Зубер го отвори резултатот, а во второто полувреме Фаснахт го постави конечниот резултат.


Во групата Ф, Данска и Австрија славеа како гости против Молдавија односно Фарски Острови. Данците победија со 0:4 и речиси го обезбедија пласманот на Мундијалот во Катар бидејќи се први со 21 бод, седум повеќе од Шкотска. Австријците на гостувањето кај Ф. Острови победија со 0:2 и ги задржаа шансите за второто место кое носи во баражот.


Во групата И, фаворитите Англија и Полска славеа со по 5:0. Англичаните кои настапија со „втор тим“ ја совладаа Андора, додека Полска беше поуспешна од Сан Марино.

Селекцијата на Албанија со 0:1 ја совлада Унгарија и тоа со голот на Броја во 80 минута и со трите бода се останаа на второто место во групата И со 15 бодови, еден повеќе од Полска. 

Резултати:
Група А

Луксембург – Србија 0:1
Азербејџан – Р. Ирска 0:3

Група Б
Шведска – Косово 3:0
Грузија – Грција 0:2

Група Ц
Литванија – Бугарија 3:1
Швајцарија – С. Ирска 2:0

Група Д
Казахстан – БиХ 0:2
Финска – Украина 1:2

Група Ф
Шкотска – Израел 3:2
Ф. Острови – Австрија 0:3
Молдавија – Данска 0:4

Група И
Андора – Англија 0:5
Унгарија – Албанија 0:1
Полска – Сан Марино 0:0

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев од Охрид: УНЕСКО ги препозна напорите на Владата и општината, продолжуваме со заштита на охридскиот регион

Следно

Тибетански рецепт за домашен лек од лук: Помага при бројни здравствени проблеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian