Видео: Булеварот „Босна и Херцеговина“ сега е со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки

1 min read

Скопје во мај годинава го доби реконструираниот булевар „Босна и Херцеговина“. 

-Пред почетокот на реконструкцијата, улицата Босна и Херцеговина имаше само две ленти и вкупна ширина од 7 метри, додека новиот модерен булевар Босна и Херцеговина располага со шест коловозни ленти, вкупна должина од 1700 и ширина од 40 метри, велат од Град Скопје. 

Истиот чинеше 100 милиони денари и е во целост изведен во рамките на буџетските средства на Градот, инфомрираше тогаш градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. 

Новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е со широчина од 40 метри и е со шест коловозни ленти, две велосипедски, две пешачки патеки и централно и странично зеленило. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО+РЕЦЕПТ | Шеф Бранко Попоски: Месецот на пастата го славиме со фусили со грчко сирење и доматен сос

Следно

Шампионката од УС Опен елиминирана уште на стартот на Мастерсот во Индијан Велс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian