Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предизвика фудбалски земјотрес со купувањето на Њукасл со што англискиот тим го направи најбогат клуб на светот, но се поизвесно е дека нема намера тука да застане.
Италијанските медиуми пишуваат дека Мохамед бин Салман сега сака да го купи и шампионот во Серија А, Интер.
Наводно, принцот веќе подолго време и заинтересиран да го купи Интер од кинеската компанија Сунинг која има финансиски проблеми поради што изминатото лето мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.
Еден од адутите кој треба да ја забрза продажбата на Интер е познанството на Мохамед бин Салман со поранешниот италијански премиер Матео Ренци од кого се очекува да лобира во фудбалската федерација на Италија и кај челниците на Серија А да не прават поголеми проблеми околу преземањето на „неразурите“.