ПСЖ бара казна за Реал Мадрид поради кокетирањето до Мбапе

2 mins read

Спортскиот директот на ПСЖ, Леонардо, уште еднаш ги нападна Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез поради обидите да дојдат до потписот со Килијан Мбапе.

Реал Мадрид во последните денови од летниот преоден рок достави неколку понуди до ПСЖ за Мбапе, но францускиот тим ги одби.

– Во Мадрид тоа нема да го признаат, но тие веќе долго време работат на тоа бесплатно да го донесат Мбапе. Постојано во јавноста се појавуваат за да стават до знаење што сакаат и тоа го прават веќе две години. Би треало да бидат казнети за тоа. Со нивните истапи во јавноста покажуваат недостаток на респект кој ПСЖ и кон Мбапе. Тој не е обичен фудбалер туку е еден од најдобрите на светот. Целата управа на Реал Мадрид  постојано зборува за Мбапе и тоа е непочитување кон нас – вели Леонардо кој додаде дека клубот работи на продолжување на договорот со одличниот напаѓач.

– Нашата желба е да го продолжиме договорот со Мбапе. Ништо не се смени кога станува збор за нашите планови. Мбапе е вистински дијамант кој совршено се вклопува во визијата на ПСЖ. Ги имаме Килијан, Лео и Нејмар и никогаш не сме ја планирале иднината без Килијан.

Леонардо исто така му одговори и на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој изјави дека ПСЖ не го почитува финансискиот фер-плеј.

– Многумина збориваат за тоа колку пари потрошивме, но сакам да објаснам некои работи. ПСЖ не вложува повеќе пари од останатите врвни екипи, но тие имаат големи долгови. Зошто Тебас не напаѓа нас? Ние одговараме пред УЕФА и Лига 2, а не пред Ла Лига – додава Леонардо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

89-годишна жена е најстариот кандидат за советник од „Единствена Македонија“

Следно

Ана Николиќ причина за развод? Новото момче на пејачката е женет човек со три деца!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian