Први триумфи за БиХ и Казахстан во квалификациите за СП 2022

1 min read

Селекцијата на Босна и Херцеговина го совлада Казахстан со 0:2 и дојде до првата победа во квалификациите за Мундијалот во Катар, а победата ги искачи на второто место во групата Д.

По три нерешени натпревари и еден пораз, репрезентативците на БиХ конечно победија и тоа благодарение на Смаил Превљак. Напаѓачот на белгиски Еупен ги постигна два гола за својата репрезентација, првиот во 25. минута, а вториот во 66. минута.
Со победата, БиХ се искачи на второто место на табелата со шест бода, еден повеќе од Украина и Финска, но шест бода помалку од лидерот Франција.

Прва победа во квалификациите оствари и Литванија која во рамки на групата Ц со 3:1 ја совлада Бугарија.
Случувањата на теренот можеби ќе беа поинакви доколку Илиев во 14 минута не го промашеше ударот од белатата точка, по што само четири минути подоцна Ласицкас и носи водство на Литванија.
Бугарите во 64. Минута дојдоа до израмнување преку Десподов, но Черник со головите во 82 и 84 минута и ја донесе првата победа на Литванија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците велат дека жените во владата ќе бидат „додадени подоцна“

Следно

Самитот на Неврзаните во Белград ќе го обезбедуваат повеќе од 3.000 полицајци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian