Истрели од белоруска страна на границата со Полска

1 min read

Според изјави на полските граничари, истрели се слушаат од белоруската страна на границата со Полска втор ден по ред, јави ДПА.

Пукотниците се слушнале во текот на ноќта од петок кон сабота, објавија денеска граничарите на Твитер.

Еден ден претходно, граничар пријави дека белоруска патрола во четвртокот пукала кон полските војници. Портпаролката на граничната стража рече дека најверојатно не била користена боева муниција.

Поради зголемениот прилив на мигранти на границата со Белорусија, армијата на Полска во моментов ја поддржува граничната стража во обезбедувањето на границата.

Според полската граничарска служба, имало 553 обиди на мигранти илегално да ја преминат границата само во петокот. Приведени се осум лица.

Владата во Варшава го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека им помага на бегалците од конфликтните зони да стигнат до надворешната граница на ЕУ за да се создаде криза.

Властите во Белорусија, пак, го обвинуваат Западот дека создал хаос во овие конфликтни региони, поради што луѓето сега бараат подобар живот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот Скопје изрече максимална казна за дрвото кое беше пресечено поради партиски билборд

Следно

Македонците од утре ќе може да влезат во Бугарија: Се повлекуваат рестрикциите за патување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian