Хамилтон најбрз на квалификациите во Истанбул, но нема да стартува од пол позицијата

1 min read

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз на денешните квалификации пред трката за Големата награда на Турција, но нема да стартува од пол позицијата. Поради промената на моторот, Хамилтон ќе стартува од 11. позиција, додека пол позицијата ќе му припадне не неговиот клупски колега, Валтери Ботас.

Хамилтон во третата квалификациска сесија за 13 стотинки имаше побрз круг од клупскиот колега, а место во првиот ред на утрешната трка обезбеди Макс Ферстапен од Ред Бул кој имаше трето најбрзо време на денешните квалификации.

Четвртото место го освои возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека петто најбрзо време имаше Пјер Гасли од Алфа Таури п ред Фернандо Алонсо и Серхио Перез кои беа последните кои имаа помало заостанување од една секунда во однос на Хамилтон. Од осмото до десеттото место во квалификациите се најдоа Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Цунода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бејта: Таравари ја загрозува животната средина во Гостивар

Следно

Актер, но пред сè татко кој сака да ги заштити своите ќерки: Вуди Харелсон нападнал човек кој сакал да ги фотографира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian