Градот Скопје изрече максимална казна за дрвото кое беше пресечено поради партиски билборд

1 min read

Од Град Скопје информираат дека Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрекло максимална казна во висина од 1800 евра поради тоа што бесправно исекле дрво.

Скопје Инфо вчера објави видео на кое се гледа дека се сече дрво во Скопје, за да се гледа билбордот на градоначалничкиот кандидат на Кисела Вода, Темелковски

Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје, информираат тие и додаваат дека заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Нина Бадриќ ужива на дождот: Треба да знаете и да наврнете со стил!

Следно

Истрели од белоруска страна на границата со Полска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian