Фудбалската репрезентација на Германија се очекува утре попладне да пристигне во Скопје за претстојниот натпревар од квалификациите за СП во Катар.
Натпреварот ќе се игра на националниот празник, денот на народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, а интересно е што Германците нема да одржат ниту еден тренинг пред натпреварот.
Селекторот на Германија, Ханси Флик, одлучи последниот тренинг да одржи утре наутро пред поаѓањето за Скопје.
Селекторот Флик најверојатно нема да смета на првиот голман на репрезентацијата кој воедно е и капитен, Мануел Нојер кој го пропушти денешниот тренинг, а не бранеше ниту на дуелот со Романија поради повреда.