ФОТО | Во раскошниот двор на професор Мајхошев и неговата сопруга Славица: Цвеќињата ни го променија животот во позитивна смисла!

6 mins read

Денес разговараме со професорот Андон Mајхошев, професор на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип и неговата сопруга Славица Мајхошева-Недкова, дипломиран економист, која работи во книговодствено биро.

Господин Мајхошев со одгледување на цвеќиња се бави повеќе од шест години, откако ја започнале градбата на нивната вила. Паралелно со градењето на вилата, со сопругата Славица, заеднички го осмислиле и планирале просторот во дворот. Саделе зимзелени дрвца, родни дрвца, но и цвеќиња од разни видови.

– Откако почнав поинтензивно да се бавам со садење и одгледување на цвеќиња морам да истакнам дека си го променив животот во позитивна смисла, иако и пред тоа имав убав и среден живот. Дворот и цвеќињата ме мотивира, разгалува, смирува и ми дава енергија за мојата интелектуална работа, од аспект на креативност. Откако ќе ги обиколам цвеќињата и дрвцата во дворот како да добивам крилја и волја за работа и да продолжам со пишувањето таму каде што сум застанал од претходниот ден. Концентрацијата ми е зголемена и чуствувам дека ми се ослободува креативна енергија која ја преточувам во творење и пишување на учебници и стручни трудови наменети за студентите и меѓународни конференции. Во секој случај приметив кај себе дека ми се зголемува креативната енергија, и позитивната мисла, вака го започнуваме нашиот разговор со професорот на тема уредување на двор и грижа и нега на растенијата.

Инаку, дворот на Mајхошев се наоѓа на 3 километри од центарот на Штип.

Кој е одговорен за уредување на дворот во вашиот дом?

– Одговорни сме јас и сопругата, иако добиваме убави и креативни идеи и од моите деца. Заеднички го планираме просторот и во зависност од местоположбата правиме распоред на кој дел од дворот кои видови цвеќиња ќе ги садиме. Сепак, морам да признаам дека идеите повеќе доаѓаат од сопругата, а јас ги прифаќам и ги извршувам. Јас сум задолжен повеќе за копање и средување на леите, асистирање во садењето, додека таа е задолжена за садењето, вадењето, прихранувањето и негувањето на истите. Сопругата е уште поголем фанатик и љубител на цвеќињата.

И ТЕРАСАТА ВО СТАНОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП НИ Е УБАВО СРЕДЕНА А ЗА ТОА ВИНОВНА Е СОПРУГАТА.

Колкав е дворот?

– Дворот има околу 600м2. Во дворот имаме вила и секојдневно таму поминуваме по 3-4 часа, а за викендите и празниците и повеќе. Во дворот имаме и бунар од кој ги вадиме цвеќињата и дрвцата. Морам да истакнам дека вилата и дворот за време на пандемијата кога имавме полициски час ни беше од голема помош полесно да ги пребродиме тие денови.

Кои цвеќиња и растенија доминираат кај вас?

– Јас и сопругата станавме „зависници” од одгледување на цвеќиња. Без цвекињата повеќе не можеме. Тие течат во нашите вени и на секоја пупка и секој цвет се радуваме. Ги користиме најнеопходните препарати и природни ѓубрива за нивно растење. Веќе знаеме во кој дел од дворот кој вид на цвеќе успева. Знаеме и како се движи сонцето, каде се сенките, бидејќи некои цвеќиња успеваат на сонце, додека други на сенка или треба да бидат изложени на послабо сонце. Исто така, и сезоната диктира кои цвеќиња во кои период ќе бидат засадени. Во една сезона, февруари-септември, во дворот вложуваме околу 350 до 400 евра. Не ги жалиме парите, бидејќи цвеќињата ни приредуваат убави мигови и ни ја разубавуваат околината во која живееме. Едноставно, тие станаа дел од нашиот живот. Во пролет и почетокот на летото нашиот двор личи на цветен килим во најралични бои. Многу комшии и пријатели доаѓаат на кафе, но и да го видат дворот и да си ги полнат очите со убавина.

Од цвеќињата во нашиот двор најмногу се застапени: хортензијата, импатијата, малофите, трендафили (има повеќе видови), шеќерчиња, и др. Морам да истакнам дека многу сме благодарни од една украсна трева која ја купивме од Грција која се вика Гауда. Бев скептик кон овој вид на трева, но времето покажа дека таа дава посебен шмек на дворот. Им препорачувам на сите да си насадат ваква трева, нема да се покајат. Засадивме и 4-5 индиски јорговани кои оваа година почнаа да цветаат во разни бои….., како и леандри кои иако измрзнаа поради ниските температури (-15), сепак повторно расцветаа. Секако, на нив се надоврзува и негувана трева која личи на зелен тепих. Покрај оградата пред 7-8 години засадивме 40 убави борчиња кои даваат идилична слика на просторот. Во дворот, кој е каскаден има патеки кои се вклопуваат во самиот простор. Имаме и две платформи со бекатон плочки од 25, односно 30 м2 каде имаме поставено маса и столчиња од каде од висина го гледаме дворот. Дворот е убав преку целата година, но посебен шарм има во пролет кога се расцветени и родните дрвца.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Секако дека бара доста време, но ние кога дојдеме во дворот времето не го чуствуваме. Многу бргу ни поминува. Вадиме, плевиме, копаме, расадуваме…


Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Украина конечно победи во квалификациите

Следно

МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА ПРЕСЕЧЕНОТО ДРВО ВО КИСЕЛА ВОДА 09.10.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian