ФИФА планира да го одложи Светското клупско првенство

1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го одложи Светското клупско првенство кое е закажано за почетокот на идната година поради предизвиците со кои се соочува од пандемијата на коронавирусот.

Ограничувањата поврзани со пандемијата доведоа до тоа Јапонија минатиот месец да се откаже од организација на Светското клупско првенство кое требаше да се одржи во декември годинава.

По Јапонија, од организација се откажа и Јужна Африка исто така поради пандемијата на коронавирусот.

Сега ФИФА разсмислува да се одржи во јануари или февруари идната година, а како можен домаќин се споменува Катар кој беше организатор на Светското клупско првенство кое се одржа во февруари годинава и на кое триумфира Баерн Минхен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кина и САД преговараат за укинување на санкциите и царините

Следно

ФОТО+РЕЦЕПТ | Шеф Бранко Попоски: Месецот на пастата го славиме со фусили со грчко сирење и доматен сос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian