Ќе се формира комисија за истрага за убиства на новинари во Косово

1 min read

Резолуцијата за итно формирање на Меѓународната истражна комисија за убиства и киднапирања на новинари во Косово од 1998 до 2005 година беше усвоена од Собранието на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) на предлог на Здружението на новинари на Србија.

Во Резолуцијата, како што пренесува Бета, се посочува дека повеќе од две децении никој не одговара за 19 од вкупно 20 убиства и киднапирања на српски и албански новинари и медиумски работници.

Од овие 20, само едно убиство е решено пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, соопшти Здружението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Патиките на Џордан од дебитантската сезона одат на аукција, ќе се продадат за рекордна сума

Следно

Што ја навреди Кина? Првиот филм за азиски суперхерој „Шенг-чи и легендата за десетте прстени“ се соочува со можна забрана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian