До полноќ рок за пријавување за гласање на болни и немоќни, на лицата со Ковид-19 на 11 октомври

2 mins read

 Вечер на полноќ завршува рокот за пријавување до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните на Локалните избори на 17 октомври, додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ.

Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица гласаат ден претходно, во сабота на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба.

За пријавувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 или во самоизолација, ДИК изготви посебни упатства со услови што треба да ги исполнат овие лица ако сакаат да гласаат дома.

Гласањето на лицата со Ковид-19 или во самоизолација го спроведува посебен избирачки одбор составен од здравствени работници. Предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање. ДСЗИ е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до ОИК податоците за лицата пријавени со Ковид-19  или во самоизолација.

Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, а кои сакаат да гласат, преку овластен полномошник ќе ја известат ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање (13 октомври на полноќ).

Избирачите кои на денот на гласањето се згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа гласаат во установата каде што се згрижени, еден ден пред денот определен за одржување на изборите, по претходна пријава до одговорното лице на установата каде се згрижени. Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор на чија територија се наоѓа установи за вонсемејна грижа, на 16 октомври.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фејсбук се среди и им се извини на корисниците

Следно

Дневен хороскоп за 9 октомври: Не само што можете, туку и сѐ ќе правите со леснотија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian