Актер, но пред сè татко кој сака да ги заштити своите ќерки: Вуди Харелсон нападнал човек кој сакал да ги фотографира

2 mins read

Американскиот актер Вуди Харелсон удрил пијан човек кој се обидувал да ги сними актерот и неговата ќерка за време на ноќно излегување, пренесува „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

Инцидентот се случил во бар во Вашингтон, откако Вуди се вознемирил тврдејќи дека непознат маж сака да ги фотографира. Медиумите пишуваат дека полицијата интервенирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

Харелсон тврди дека му пришол на пијаниот човек и му рекол да престане да фотографира и да ги избрише веќе направените фотографии, но човекот наводно тргнал кон него и се обидел да го фати за врат.

Актерот изјавил дека поради тоа го удрил човекот во пределот на вратот и дека се` било во самоодбрана, а неговата верзија на приказната ја потврдиле сведоци кои во тоа време биле присутни во барот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

Полицијата подоцна го испрашала човекот со кој се судрил Харелсон. Тие се уште ја продолжуваат истрагата, и доколку биде поднесено обвинение, ќе го соопштат неговото име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

Патем, Харелсон е горд родител на три ќерки – Дени, Зои и Макани. Медиумите пишуваат дека не е познато со која од нив бил актерот во барот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

За потсетување, актерот и претходно влегувал во конфликт со професионални фотографи. Во 1995 година, тој нападна двајца фотографи тврдејќи дека го следат неговото семејство на патување до Мартас Винјард. На крајот морал да им плати надомест. Тој наводно нападнал фотограф во 2006 година и му ја скршил камерата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хамилтон најбрз на квалификациите во Истанбул, но нема да стартува од пол позицијата

Следно

Инцидент во Центар: Тешко повредена жена при напад од крадец

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian