Во Осло денеска ќе биде соопштено името на добитникот на Нобеловата награда за мир

1 min read

Комитетот за мир, специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ќе го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир.

Наградата лани ѝ беше доделена на Светската програма за храна на ОН. На 1 март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир. Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги открива имињата на кандидатите на медиумите или на самите кандидати.

Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, и традиционално се доделува на 10 декември.

Извор: МИА

Абдулразак Гурна добитник на Нобеловата награда за литература

Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан добитници на Нобеловата награда за хемија

Тројца научници ја делат годинешната Нобелова награда за физика

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На денешен ден – 8 октомври

Следно

Просветни инспектори во потрага по недозволено отпечатени учебници 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian