Видео: Се сече дрво во Скопје, за да се гледа билбордот на градоначалничкиот кандидат на Кисела Вода, Темелковски

1 min read

Скопјанец на Твитер објави видео од Кисела Вода на кое се гледа како надлежните сечат младо дрво затоа што не можело да се гледа билбордот на кој е закачена фотографија од актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат од СДСМ, Филип Темелковски.

Скопјанецот кој го снима видеото ги прашува мајсторите додека пилите за сечење се вклучени:

-Зошто го сечете дрвото?

-За да се гледа билбордот, му одговара мајсторот. 

Видеото поттикна многу реакции и коментари со осуда на постапката, но и прашања од скопјани:

„Скопје што ти направија овие?!“

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 8 октомври: Размислете пред да дејствувате

Следно

Украински пратеник вклучен во истрага за корупција, умрел во такси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian