Веќе почнаа шпекулациите како ќе изгледа Њукасл идната сезона: Халанд, Навас, Бејл, Кунде…

4 mins read

Навивачите на Њукасл деновите се најсреќни фанови на светот бидејќи нивниот клуб преку ноќ стана најбогат спортски колектив на светот. Причината за тоа е што нов сопственик е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Тоа претставуваше знак за анлгиските медиуми да започнат со проекциите на екипата на Њукасл за следната сезона.
Медиумите се пореални од навивачите кои пак се надеваат дека на „Сент Џејмс Парк“ ќе пристигнат Килијан Мбапе и Пол Погба, и шпекулираат со имиња кои новата управа може да ги ангажира.

Според медиумите во Англија, двајца фудбалери од актуелниот тим на Њукасл се сигурни и за идната сезона, тоа се моментно најдобриот играч на екипата Алан Сент-Максимину и талентираниот Џои Вилкок.

Прва задача на управата ќе биде да се ангажира квалитетен голман и изборот падна на Кејлор Навас кој моменто брани за ПСЖ но има договор до крајот на сезоната. Наводно, новата управа контактирала со претставниците на Навас и му го презентирале проектот. Доколку не се дојде до договор со Навас, како резервно решение се споменува првиот голман на шпанската репрезентација Унаи Симон.

Позицијата десен бек се чува за играчот на Атлетико Мадрид, Киран Трипие кој би бил достапен за 15-20 милиони евра.

Како решение за централните бековски позиции се споменуваат новиот белгиски репрезентативец Артур Теате кој би бил достапен за само 10 милиони евра, но главни мети на новата управа се Жил Кунде од Севиља и Антонио Ридигер од Челси.

За да се донесе Кунде потребни ќе бидат најмалку 80 милиони евра, но не е исклучено сумата да се искачи до 100 милиони, додека Ридигер може да пристигне бесплатно бидејќи му завршува договорот на крајот од сезоната, а доколку Њукасл сака да го купи во зимскиот преоден рок ќе мора да издвои околу 30 милиони евра.

Иако во тимот е младиот и перспективен Џамал Луис, медиумите шпекулираат дека Њукасл може да тргне по дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез за кого ќе мора да издвојат најмалку 60 милиони евра.

Во средниот ред уште сега преку агенти им се нудат фудбалски ѕвезди, но управата ќе се фокусира на младиот англиски репрезентативец кој настапува во Борусија Дортмунд, Џад Белингем за кого ќе мора да издвојат најмалку 100 милиони евра.

Исто толку би ги чинел и уште еден играч од Бундеслигата, новата германска ѕвезда Флоријан Вурц од Баер Леверкузен. Исто така како нови играчи во средниот ред се споменуваат и Џон Мекгин од Астон Вила, играчот на Лестер Џејмс Медисон кој е скапо решение како и Френк Кеси од Милан кој може идното лето да пристигне како слободен играч.

Со доаѓањето на новите сопственици, Њукасл лесно може да стане главен фаворит за потпис со напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Иако интерес за Халанд постои и кај Реал Мадрид, ПСЖ, Челси, Манчестер сити, прашање е дали ќе можат да му парираат на Њукасл кога станува збор за платата. Наводно, уште сега новата управа на Њукасл покажува знаци дека е подготвена да ја плати провизијата од 40 милиони евра за агентот Мино Рајола, а на Халанд да му даде исто толкава плата.

Последна ѕвезда која се планира да се донесе на „Сент Џејмс Парк“ е Герет Бејл од Реал Мадрид.
За очекување е како ќе наближуваат преодните рокови, се почесто да се споменува Њукасл како можен фаворит за ангажман на најголемите фудбалски ѕвезди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно крахираше Инстаграм, ќе се префрли ли журката на Твитер

Следно

Антонио Димитриевски: Антиталенти доминираат во сите сфери, не само на естрадата! 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian