Украински пратеник вклучен во истрага за корупција, умрел во такси

1 min read

Украински пратеник вклучен во истрагата за корупција во одбранбениот сектор утрово починал во такси, откако претходно му се слошило, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека е наложено судско-медицинско испитување за да се утврдат причините за смртта, пренесува Ројтерс.

Пратеникот, Антон Полијаков (33) стана независен, откако бил избран во парламентот како член на владејачката партија Слуга на народот.

„Прелиминарно, полициските службеници утврдија дека на човекот му се слошило во такси, итните лекари се обиделе да го реанимираат, но констатирале смрт“, се вели во соопштението на полицијата.

Украинскиот пратеник Антон Полјаков/ Фото Twitter

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Се сече дрво во Скопје, за да се гледа билбордот на градоначалничкиот кандидат на Кисела Вода, Темелковски

Следно

УБ | Стојановски: Вџашувачко е вклучувањето на државни актери како најголеми сторители и овозможувачи на транснационален криминал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian