„Спас за Маврово“ – протест на жителите на мавровските села против дивоградбите и уништувањето

1 min read

Во недела, на 10 октомври, жителите на мавровските села: Леуново, Никифорово, Врбен, Маврови Анови, Маврово и сопствениците на викендици околу Мавровското Езеро ќе протестираат поради „негрижата на Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк да ги реши бројните проблеми“ со кои населението од овој регион се соочува.

Протестот ќе се одржи на паркингот пред скијачкиот центар Маврово во 12 часот.

Организаторите повикаа на масовно присуство на протестот во недела

Мавровчани ќе протестираат под слоганот „Спас за Маврово“, обидувајќи се повторно од општината да побараат решавање на бројните проблеми со кои се соочуваат – дивоградбите, снабдувањето со вода и струја, редовното собирање на ѓубрето, локалните патишта, загадувањето на езерото, неконтролираната сеча на шумите итн.

Нивниот притисок, заедно со притисокот од јавноста, резултираше со решение за уривање на дел од дивоизградените објекти и кривична пријава против косовски инвеститор за бесправно градење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парламентарни избори во Ирак: Во недела предвреме гласаат војници, затвореници и раселени лица

Следно

Барселона ќе го врзе најмладиот дебитант во историјата на „фуријата“ со нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian