Приведен разбојник од Скопје

1 min read

На 07.10.2021 во 11.10 часот на ул.„Челопек“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на ул.„Челопек“, при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници и нив им се заканил со пиштол.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ги путер: Намирница што спаѓа во суперздрава храна

Следно

Два новинари добитници на Нобеловата награда за мир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian