Новата директорка на Њукасл најави големи работи: Сакаме да бидеме на врвот во Премиер лигата и на кровот на Европа

2 mins read

Со доаѓањето на конзорциумот од Саудиска Арабија започна нова ера на Њукасл.

Саудискиот инвестициски фонд е тежок 320 милијарди фунти што е најава дека во иднина Њукасл ќе биде најголемиот трошаџија на трансфер пазарот, а одлуките ќе ги носи жена, Аманда Ставилеј, која најави дека во најбрзо време екипата ќе ги нападне титулите во Премиер лигата и во европските клупски натпреварувања.

– Прво сакам да им се заблагодарам на неверојатните навивачи без кои немаше да бидеме тука. Ова е нивен клуб, а ние на правилен начин ќе се грижиме за клубот. Сериозно ја сфаќаме нашата ѕлога, не сакаме да даваме преголеми ветувања, сакаме да ги инвестираме парите во сите делови од клубот – изјави Аманда која потоа додаде:

– Горди сме што играме во Премиер лигата, тоа е најдобрата лига на светот, а Њукасл е најдобар клуб на светот. Сакаме да видиме како освојува трофеи. Сакаме да бидеме на врвот во Премиер лигата, на кровот на Европа, но за трофеи се потребни време, трпение и инвестиции.

Сепак, новите сопственици на Њукасл прво треба да сторат сè за екипата да опстане во Премиер лигата. Њукасл моментно се наоѓа на претпоследното 19 место на табелата и му претстои борба за опстанок.

– Борбата за опстанок моментно е нашиот најголем проблем и тука не чека многу работа. Игрите на екипата мора да се подобрат под итно, имаме добар тим и веруваме дека не му е местото на 19 позиција на табелата. Оптимисти сме, со добра и квалитетна работа ќе успееме во тоа што сакам да го постигнеме – порача новата директорка на Њукасл.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел: Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Следно

Пандорини документи: Црногорскиот обвинител најави сослушување на Мило Ѓукановиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian