Михајловиќ повторно ја опиша битката со тешката болест: Плачев, врескав,  но никогаш не ја загубив волјата за живот

2 mins read

Европската и светската фудбалска јавност беше шокирана кога легендарниот српски фудбалер, а сега актуелен тренер Синиша Михајловиќ објави дека боледува од леукемија.

Повеќемесечната и на моменти сурова борба со тешката болест, заврши со „победа“ на Михајловиќ кој оттогаш не пропушта можност со својот пример да им даде поддршка на сите кои поминуваат низ истите проблеми.

На спортскиот фестивал во Тренто кој го организираше тиражниот весник „Газета дело Спорт“, Михајловиќ зборуваше на манифестацијата која беше наречена „Натпревар на животот“.

Не сум херој. Постојат луѓе кои се срамат и ја кријат болеста, а тоа не е фер. Јас само објавив јавно бидејќи немаше причини да се срамам. Многу пати плачев и открив дека тоа е истравно – го започна својот говор Михајловиќ и потоа се потсети на првиот натпревар кој го водеше откако отрки дека е болен од леукемија.

Кога се појавив на клупата во Верона имав 15 килограми помалку отколку што имам денеска. Повеќе бев мртов отколку жив. Но, заминав таму за сите да сфатат дека се борам и дека сакам нормално да живеам. Кога се видов на ТВ, не се препознав. Меѓутоа, тоа не беше слика на покажување слабост, напротив тоа беше покажување на сила. И реков на болеста: Сега се бориме и да видиме кој ќе победи.

Актуелниот тренер на Болоња вели дека оваа тешка болест може на секого да му се случи.
– Дури тогаш сфаќате дека е важно да одите на контроли, давајте крв на секои шест месеци. По повеќе од еден месец во болница, сакав да се вратам на теренот, но крвната слика не го дозволи тоа. За среќа докторот имаше разбирање и ми дозволи да работам. Да останев во болница ќе умрев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герџиков: Македонија мора да ги исполни своите обврски од Договорот за соседство и соработка

Следно

Вулин: Службеници во МВР сакаа да го уапсат братот на Вучиќ и да го присилат на оставка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian