Меси ја отвори душата: Во ниту еден момент не помислував дека ќе си заминам од Барселона

3 mins read

Лионел Меси изминатото лето предизвика фудбалски земјотрес со одлуката да ја напушти Барселона по 20 години поминати на „Камп Ноу“. Аргентинецот во летниот преоден рок потпиша за ПСЖ и ги шокира навивачите на Барселона.

Но, заминувањњето на Меси од Барселона е последица на катастрофалната работа на претходното раководство предводено од Хосеп Марија Бартомеу кое клубот го донесе на работ на банкрот, што го призна и  новата управа.

Сега Меси во интервју за „Франс фудбал“ зборуваше за моментите кога мораше да ја напушти Барселона.
– Барселона издаде соопштение во кое објави дека нема да можам да останам. Во тие моменти почнав да се преиспитувам за тоа како воопшто ќе можам да му се вратам на фудбалот, да изберам клуб со кој ќе можам да ги остварам своите цели. Искрено, во ниту еден момент не помислував дека ќе си заминам од Барселона. Дојдов во Барселона за да се подготвам за новата сезона и за првиот тренинг по одморот. Се вратив по одморот со цел да потпишам нов договор и за почнам со тренинзите, но тогаш ми соопштија дека тоа не е возможно. Бев очаен, признавам дека никогаш во животот не можев да се замислам во соблекувална на некој друг клуб – признава Меси.

Најконкретен беше ПСЖ кој веднаш се договори со Аргентинецот за двегодишен договор. Меси сега вели дека не потпиша за францускиот тим поради парите туку поради желбата да се нападне трофејот во Лигата на шампионите кој Аргентинецот го чека шест години.

– Добив и други понуди, но мора да признаам дека преговорите со ПСЖ беа лесни и брзи. Бев воодушевен од проектот, амбициите на клубот и играчите и сето тоа ми го олесни изборот. Благодарен сум му на ПСЖ кој ме почитуваше и се грижеше за мене од првиот ден. Покажа дека навистина ме сакаат во нивниот тим и сега сум среќен што сум тука – додава Меси.

Триумфот во Лигата на шампионите не е само желба на Меси, туку и опсесија на ПСЖ и навивачите.
– ЛШ е сон на секој играч, ПСЖ на исполнување на таа цел работи неколку години. Верувам дека оваа група на играчи која ја имаме може да ја освои титулата иако има многу силни екипи како што се Челси, двата тима од Манчестер, Реал Мадрид, Баерн, Интер… Ние имаме одлични индивуалци, потребно е да се запознаеме и да бидеме посилни како тим бидејќи ЛШ се освојува со тимска игра – смета Меси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети во Дебар: Се надевам на брзо решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ

Следно

Фејсбук се среди и им се извини на корисниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian