Комфор храна кога сме анксиозни? Камила Кабејо е една од нас

4 mins read

Камила Кабејо се појави на својата прва насловна сторија за „Glamour“, каде за прв пат јавно проговори за тензијата на работата, стресот на секојдневието, и својот проблем со „binge“ јадење, докажувајќи дека е само една од нас.

Во насловното интервју „Хавана“ ѕвездата опширно раскажа за тоа како храната ѝ станала комфор и утеха кога поминува низ моменти на анксиозност.

„Имам една шема на јадење многу кога сум анксиозна или се чувствувам непријатно. Тоа е комфор за мене. Јас на некој начин ќе станам несвесна и ќе јадам многу како зомби, и после ќе ми се слоши“, изјави пејачката за насловната приказна на Гламур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

24-годишната пејачка започна отворено да говори за свесноста на изгледот на сопственото тело, откако во 2019 година беше засрамена од папараци фотографии на кои се појавува во бикини. Пред само пар месеци засрамувањето се повтори за фотографиите во спортски топ додека Камила џогираше во парк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

„Кога имам негативни мисли за моето тело, тоа е кога всушност сакам да „binge“-јадам колачиња, и потоа имам болки во стомакот. Тоа е чудна психологија: колку повеќе го сакам моето тело, толку повеќе сакам да се грижам со него… Сè додека сум здрава и вежбам и се чувствувам добро, тоа е најдобро што можам да направам. Нема поента да се обидувам да имам друг тип на тело“, вели Камила во интервјуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Нејзиното момче, пејачот Шон Мендез е добра подршка во справувањето со оваа шема низ која поминува пејачката.

„Му го кажав тоа на Шон, па на забавата на „VMA“ наградите му реков „Го правам тоа“ и тој ми одговори „Во ред е. Го правиш тоа. Тоа е океј. Ајде да земеме здив и да не го правиме тоа“. Многу е добро за мене што можам да зборувам за моите шаблони со некој“, изјави Камила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Шон и Камила, кои заедно го објавија хитот „Senorita“, ја потврдија својата врска во 2019 година и оттогаш се магнети за папараците и таблоидите. Бидувајќи мета каде секој детал од приватната врска е пропратен со објава во јавноста не било од помош за Камила, но периодот на карантин ѝ дозволил да успори и посвети повеќе време на себе.

„Кога има објавено негативни работи, тоа ќе те стигне. Така што да, тоа е многу, многу голем предизвик“, отворено раскажа Камила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Таа продолжи објаснувајќи дека и Шон Мендез посетува психијатар, како и неа, и се поддржуваат и работат на нивното ментално здравје заедно.

„За добро, за лошо, ние сме многу транспарентни еден со друг. Мислам дека токму затоа можеме да си веруваме еден со друг, затоа што тоа е многу 3Д човечна врска.“

Отворено ќе каже дека односот кои го имаат е всушност ниво на транспарентност кое навистина помага. Сака само да биде среќна, и тоа е сè – и потврдува дека грижата за себе е новото нормално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се појавија шокантни пораки со кои Роналдо го признава силувањето пред 12 години

Следно

Затворен булевар во Скопје, за Авганистанците да шопингуваат во „Ситимол“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian