Кој е новиот газда на Њукасл: Принц со крв на рацете кој е 50 пати побогат од сопственикот на Манчестер сити

4 mins read

Њукасл од вчера има нов сопственик, саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман за сума од 300 милиони фунти го купи англискиот премиерлигаш.

Оваа продажба можеше да се реализира и минатата година, но британската влада и Премиер лигата не дадоа зелено светло поради нелегалното емитување на наптреварите од највозбудливата лига во светот во Саудиска Арабија.

Сега откако проблемот се реши така што Саудиска Арабија ги откупи ТВ правата за Премиер лигата, принцот Мохамед бин Салман доби зелено светло да го купи Њукасл.

Мохамед бин Салман го купи клубот преку Саудискиот инвестициски фонд и планира да направи револуција и Њукасл да го направи најдобар тим во Европа, а има и адути за тоа.

Саудискиот престолонаследник на листата на Форбс во 2019 година се најде на осмото место на најмоќните луѓе на светот и е 50 пати побогат од сопственикот на Манчестер сити, емирот од Обединетите Арапски Емирати, Мансур бин Зајед Ал Нахјан.

За разлика од своите постари полубраќа, Бин Салман не се школуваше во странство туку остана во Ријад и дипломира на Кралскиот факултет.

Тој од 2008 година е во брак со своја роднина, принцезата Сара бин Мансур бин Абдулазиз и имаат четири деца, по два сина и две ќерки. Бракот помеѓу роднини не е невообичаена работа во богатите и кралските арапски семејства.

Неговото богатство е фасцинантно, тој е тежок пет милијарди долари, но управува со капитал од дури 800 милијарди долари и токму преку еден таков фонд кој е под негова надлежност, Саудискиот инвестициски фонд е купен Њукасл.

Мохамед бин Салман е сопственик на некои од најскапите куќи на светот, а за големата палата во 2015 година издвои 300 милиони долари, а исто така поседува и јахта која ја плати 500 милиони долари.

За едни тој е реформатор, но за други е убиец.

Луѓето го сметаат за реформатор бидејќи во последните години тој донесе неколку одлуки како што се концертите на најголемите светски музички ѕвезди, отворањето на кината на Саудиска Арабија по 35 години, дозволи жените да можат да возат автомобили….

Но, многумина веруваат дека неговата темна страна е посилна од светлата и го нарекуваат „принцот со крвави раце“.

Мохамед бин Салман ја вовлече Саудиска Арабија во војна со Јемен, ги затвори своите противници, но и исламските имами и блогерите. Само неколку месеци откако стана прв престолонаследник, во ноември 2017 година уапси околу 200 принцеви, поранешни министри, бизнисмени.

„Знаеше брутално да ги исчисти министрите во владата, медиумските магнати, бизнисмени, борци за човекови права па дури и членови на кралското семејство. Некои гонарекуваат Ким Џон Ун од Персискиот залив поради спроведувањето на сличен модел на авторитарно владеење. Сето тоа го прави за многу повеќе пари и за без нуклеарни амбиции. Тој сега во светот е познат како де факто владетел на една од последните апсолутни монархии“, пишуваше за него УС Тудеј.

Најголемата дамка на Мохмаед бин Салман е нарачката на убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција. Неодамна во интервју за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека како лидер ја презема „целосната одговорност“ за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Дури и ЦИА е убедена дека Мохамед бин Салман го нареди убиството на новинарот.

Новата директорка на Њукасл најави големи работи: Сакаме да бидеме на врвот во Премиер лигата и на кровот на Европа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасени уште 149 граѓани од Авганистан за кои Македонија обезбедува привремен престој

Следно

Косово воведе антидампинг мерки за дел од увозот од Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian