ИФИМЕС: Му истекува азилот на Груевски, бара нов во Русија и Турција, а може и ќе се врати дома, еве како

2 mins read

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана објави опширна анализа за престојните локални избори во Северна Македонија на 17 октомври кои ги смета за „избори со историски последици“ на кои за првпат на изборната листа се наоѓаат две меѓуетнички предизборни коалиции.

„Од една страна е коалицијата на владејачките партии, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и три албански партии – ДУИ, Беса и ДПА, додека од другата страна е коалицијата на опозициските партии, предводена од конзервативната десница – ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот блок Алијанса за Албанците и Алтернатива“.

Од ИФИМЕС анализираат дека локалните избори ќе бидат нов обид за дестабилизација на Северна Македонија.

„За Република Северна Македонија е од особено значење сите оние што го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и отвори шанса за просперитет на Северна Македонија, да бидат санкционирани и вклучени во „црната листа“ на американската администрација“, нагласува Институтот од Љубљана.

Тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истекува во октомври 2021 година, и тој преговарал со Русија и Турција за можноста за добивање политички азил, пишува ИФИМЕС.

„Опција е и можноста за враќање во Северна Македонија по локалните избори, на кои, според неговите проекции, би победила ВМРО-ДПМНЕ. Така, тие би се обиделе да го соборат Зоран Заев и неговата влада, а тоа сценарио го играат серија акции зад сцената, кои во најголем дел беа спречени. Тоа би било нов почеток за Северна Македонија и враќање во старата држава – дали граѓаните на Северна Македонија навистина го сакаат тоа?“, прашува ИФИМЕС на крајот од анализата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Годините се само број, Хосио има 81 година и секој ден учи нови трикови на скејт

Следно

Милевски: Најважни беа победата и трите бода, а не резултатот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian