Герџиков: Македонија мора да ги исполни своите обврски од Договорот за соседство и соработка

1 min read

Кандидатот за претседател на претстојните избори во Република Бугарија, професорот Атанас Греџиков во емисијата „Лице в лице” на бугарската телевизија БТВ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Герџиков порачал оти сакаат интеграција на сите земји на Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија во Европската Унија.

Според професорот тие мора да ги исполнат обврските од Договорот за соседство и соработка.

– Додека овие обврски не бидат прифатени, Бугарија не треба да подлегне на каков било притисок, изјави тој.

Според Герџиков, во последните 24 часа за првпат имало позитивни сигнали и тој изрази надеж дека тие нема да бидат уште едно ветување без покривање.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Во нападот врз авганистанската џамија загинаа најмалку 46 лица, бројот на жртвите може да достигне до 80 лица

Следно

Михајловиќ повторно ја опиша битката со тешката болест: Плачев, врескав,  но никогаш не ја загубив волјата за живот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian