Е. Пелистер од утре ја започнува продажбата на билетите за Лигата на Европа

1 min read

Екипата на Еурофарм Пелистер од утре ја започнува претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.

Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари во Бродерс Тобако и Димпо Тобако, како и на интернет страницата www.kartieurofarm.mk.

Фановите на Е. Пелистер билетите ќе можат да ги подигнат само со сертифакт за извршена вакцинација или со потврда за примена барем една доза од вакцина против коронавирусот како и со потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.

Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:
19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина
Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 386 случаи на коронавирус и 16 починати

Следно

Рајан Рејнолдс: Има 70 отсто шанси снимањето на „Дедпул 3“ да започне следната година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian