Дневен хороскоп за 8 октомври: Размислете пред да дејствувате

5 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 8 октомври, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Поради преголемата работа и замор ќе ги занемарите и најблиските. Можно е да планирате некое патување. Ќе бидете доста критички настроени, а тоа ќе им пречи на луѓето во вашата околина. Поволен период да правите инвестиции. Вашите конкуренти се во послаба позиција од вас.

Бик

Денешниот ден не ви е поволен за почнување нова работа, па потрудете се да не ризикувате. Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. На емотивно поле, можни се мали несогласувања со партнерот, кој во некој свои ставови е претерано тврдоглав и упорен.

Близнаци

Денес ќе имате наплив на интересни идеи, кои најмногу ќе бидат поврзани со саканата личност. Бидете малку мистериозни, не мора сите детали да ги изнесете пред неа. Финансиската состојба ќе изгледа многу ветувачки, но самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Размислете пред да дејствувате.

Рак

На емотивно поле ќе се послужите со љубовни зборови за да освоите нечие срце. Ќе имате успех во освојувањето. На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство. Нека ве води вашето знаење и креативните идеи. Не анализирајте премногу, оставете ги работите какви што се.

Лав

Некои работи треба да останат такви какви што се и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата, ќе биде подобро за вас. Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, но не избрзувајте. Ве очекува нова љубовна авантура со личност која ја познавате од порано.

Вага

Задоволни сте од приливот на финансии, а тоа е најдобар мотив за работа. Ќе воспоставите одлична комуникација со соработниците и надредените. Ќе имате поддршка од колега. На емотивно поле, имате впечаток дека со некоја друга личност максимално ќе се согласувате и ќе уживате.

Девица

Имате низа прашања на кои чекате одговор. Подобро е да не коментирате. Вашиот љубовен живот и денес добро ќе се развива, а партнерот ќе ви даде повод да се занимавате со него повеќе од вообичаено. Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.

Скорпија

Конечно и вам да почнат да ви се случуваат убави нешта. Сѐ што денес ќе правите на работното место, ќе го работите со леснотија, како да станува збор за некаква забава. Ќе бидете толку расположени и полетни. А, за тоа е заслужно вниманието што го добивате од една личност, кон која имате силни чувства.

Стрелец

Имате бистар ум и конкретни сте во настапите, па тоа ви е многу корисно. Не двоумете се да го искажете своето мислење, вашиот реалистички пристап нема да наштети никому. На професионално поле конечно ќе ги видите првите знаци на успех. Ви претстојат нови љубовни средби, со личност со која досега сте биле само пријател.

Јарец

Подгответе нов план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до остварување, но има еден детаљ што треба да го доработите. Пред нос ви се луѓето кои сакаат да инвестираат,  чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Водолија

Ќе дојде до деловна преписка, што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Креативните работи денес добро ќе ви одат, но ако се однесувате професионално. Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска.

Риби

Не сте задоволни од комуникациите со колегите. Денес преговорите нема да одат како што сте очекувале. Ви пречи тоа што другата страна не сака да ги признае вашите добри идеи. Саканата личност забележува дека сте раздразливи и нервозни, па ви се тргнува од патот. Нервозата ќе ви биде придружник наредните денови.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Просветни инспектори во потрага по недозволено отпечатени учебници 

Следно

Видео: Се сече дрво во Скопје, за да се гледа билбордот на градоначалничкиот кандидат на Кисела Вода, Темелковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian