Пред стартот на новата сезона во НБА лигата едно од најинтересните прашања е дали Бруклин нетс ќе може да смета на Кајри Ирвинг кој сè уште не сака да се вакцинира.
Поради тоа, Бруклин одлучи да го отстрани Ирвинг од тимот за подготвителниот натпревар против Милвоки.
Доколку не се согласи да се вакцинира, Кајри Ирвинг нема да може да настапува за Бруклин на домашен терен бидејќи градските власти забранија влез во салите за невакцинирани лица и нема да направи исклучок за спортистите.
Згора на тоа, Ирвинг освен што нема да игра на домашните натпревари, ќе остане и без добар дел од платата бидејќи НБА лигата и унијата на кошаркари се договорија, сите играчи кои ќе пропуштат натпревар поради тоа што не се вакцинирани, да останат без плата за таа средба.
Годишната плата на Ирвинг изнесува 35.3 милиони долари, а секој пропуштен натпревар ќе го чини 381.000 долари помалку на неговото банкарско салдо.