Дали филмот го пресликува животот или животот го копира филмот, прашањето е сега. Нoвата Бонд девојка Ана де Армас, која носи една од водечките улоги на најновиот Џејмс Бонд филм „No Time To Die“, била вмешана во вистинска животна „шпиoнска“ драма.
Интригантно е што Ана веќе доживеала животна приказна која е блиска до дејствијата во Бонд филмовите кога нејзиниот брат Хавиер Касо бил испрашуван од тајни агенти на кубанската полиција под сомнеж дека е американски агент.
View this post on Instagram
Иако Хавиер не игра таква улога во вистинскиот живот, сепак случката ги подгрева сомнежите дека Ана ќе прозборува против кубанскиот авторитарен режим.
View this post on Instagram
Кон крајот на минатата година се зборуваше дека Ана и нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек пренеле редок лек во Хавана, пренесувајќи го со лет со приватен авион, кој бил наменет за таткото на Ана и Хавиер, и тогаш реално стравувале дека Хавиер ќе биде уапсен.
View this post on Instagram
Ана можеби е најопасната Бонд девојка, чија животна приказна докажува дека таа го живее животот на работ.
Ана и нејзиниот постар брат Хавиер израснале во мал град во Куба со мајка која работела во владата и татко кој бил учител и работник во маслена рафинерија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Таа одлучува да ја напушти Куба на само 18-годишна возраст и заминува за Шпанија, објаснувајќи дека сите сонуваат за живот надвор од Куба, но многу малку ја имаат можноста навистина да го направат тоа.
За храбриот потег ќе каже дека тоа била одлука која ѝ го променила животот, а очигледно ја донесе и до Холивуд.
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk