Анџелина Џоли го продаде својот дел од имотот и винаријата „Chateau Miraval“ на југот во Франција, кој е еден од имотите кои се расправа на поделба во нејзиниот развод со Бред Пит.
Имотот кој е познат по своето „Miraval Rosè“ вино двојката Џоли Пит го откупи и делеше повеќе од една декада.

Половината на Џоли од имотот кој е од вредност од 164 милиони долари е продаден на винаријата која е дел од Столи Груп, Тенуто Дел Мондо, но за сума која не е објавена.

Делот од брендот кој ѝ припаѓаше на Џоли беше предмет на последната легална расправа во 5-годишната разводна битка која сè уште ја водат со Пит, а минатиот месец таа конечно доби зелено светло да го продаде својот дел од овој имот каде таа се венчаше со Пит во 2014 година.
View this post on Instagram
Компанијата на Пит, интересно насловена „Mondo Bongo“, пушти тужба кон компанијата на Џоли „Nouvel“ во обид да добие доминантен удел на акциите од имотот.
Кога двојката го купи имотот со акции во „Quimicum“ во 2008 година, акциите припаѓаа 60-40 во прилог на компанијата на Пит, но во 2013 година со продажба на дел од акциите од симболична сума од 1 евро ги изедначија со 50-50.
View this post on Instagram
Покрај оваа, Џоли и Пит остануваат во финална разводна битка за старателство на нивните шест деца – сектор кој е тешко да се продаде или откупи.
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk